САД ја поддржа Грција за протерувањето на руските дипломати

Американскиот Стејтдепартмент денеска реагира на протерувањето на руски дипломати од Грција.

“Мешањето во демократските процеси на други земји е неприфатливо и ние ја поддржуваме Грција во одбраната на својата сувереност”, се вели во реакцијата на официјален Вашингтон.

“Со особена загриженост забележуваме потенцијални руски обиди за уривање на напредокот на договорот за прашањето за името меѓу Атина и Скопје. САД и во минатото изразуваше загриженост за руското малигно влијание во регионот. САД преземаше слични чекори во минатото, исто како и други земји, за да испрати порака за дестабилизацијата и неприфатливото руско однесување”, се вели во реакцијата на Стејт Департментот на САД.

Предходно Грција протера двајца руски дипломати од Атина и забрани влез за уште двајца во земјата.

Се работи за дипломати кои учествувале во активности поврзани со протестите против договорот од Преспа.

SHARE