САД ќе го блокираат руско-германскиот гасовод!?

Проектот за нов руски гасовод низ Балтичкото Море во Германија може да се најде под финансиски санкции на САД, објави „Wall Street Journal, пренесува ТАСС.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема конечна одлука за тоа дали ќе ги казнува непосредните изведувачи на проектот или, исто така, и компаниите и банките вклучени во неговото финансирање.

Гасоводот Северен поток,„Nord Stream-2) мора да биде завршен следната година. Неговата цена е 9,5 милијарди евра.

Според Трамп, новиот гасовод ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот природен гас.

Експертите објаснуваат вие чекори се всушност желба на САД на европскиот пазар да го пласира американскиот течен природен гас, кој е значително поскап отколку рускиот.

Русија е подготвена за потенцијалните санкции.

Оваа тема била дискутирана и на средбата на Владимир Путин и Ангела Меркал во саботата во Германија.

Руската енергетска компанија „Газпром“ во јануари 2016 го раскина договорот за изградба на гасоводот „Јужен поток“ кој требаше да поминува низ Бугарија и Македонија, по „притисокот“ од ЕУ врз овие земји.

Јужен поток беше проектиран за испорака на 67 милијарди кубни метри гас годишно во Европа.