САД не исклучуваат корекцијата на границите меѓу Косово и Србија

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, денеска во Киев рече дека Вашингтон нема да биде вклучен во идејата за територијална размена меѓу Косово и Србија.

Запрашан од Радио Слободна Европа што мисли за идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, тој рече:

„Прашањето за стабилноста на Балканот е многу важно за нас, бидејќи од распадот на Југославија има многу тензии и опасности, но има развој“, рече тој, мислејќи на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

„Спорот меѓу Косово и Србија можеби е едно од најважните прашања, многу луѓе се обидоа да посредуваат. Овие напори не успеаја“, рече тој.

Болтон оцени дека има нови знаци дека и двете влади можеби имаат волја да преговараат за ова прашање во тишина.

„Нашата политика, американската политика е дека ако и двете страни можат да соработуваат едни со други за да постигнат договор, не исклучуваме територијални корекции. Тоа не зависи од нас“, рече Болтон, пренесува косовскас „Коха“.

„Ние нема да бидеме камен на сопнување и мислам дека никој во Европа нема да застане во средина ако двете страни постигнат задоволителен договор“, вели Болтон.

SHARE