Американскиот амбасадор во Бугарија изјави дека ја поддржува енергетската независност на Бугарија.

„Нашата позиција е дека не сакаме нашите европски партнери да се енергетски зависни од Русија“, изјави амбасадорот Ерик Рубин.

„Енергетската безбедност е еднаква како и националната. И ние сакаме да ја поддржиме Бугарија за постигнување на независни и доверсифирани енергетски резерви. САД никогаш нема да ја користат енергијата за влијание или за принуда над другите држави.“ изјавил Рубин како што пренесува БГНЕС.

Рубин истакна дека во моментот 13 европски држави продолжуваат да се потпираат на испораките на руски га и Бугарија е една од нив.

Според податоците на САД, 38 отсто од увозот на гас во Европа е од Русија.

Изјавата на американскиот амбасадор доаѓа по најавите дека руската Газпром преку гасоводот „Турски поток“ планира да доставува гас преку Бугарија, Србија и Унгарија  до средна Европа.

„Газпром“ реши: „Турски поток“ ќе минува низ Бугарија, Србија…

 

SHARE

Оставете Коментар