Loading...

Американскиот претседател , Доналд Трамп на самитот на Алијансата идната недела  ќе ги извести земјите сојузници од НАТО дека САД немаат намера и натаму да бидат „банка“ за оваа организација.

Трамп ги притиска сојузниците на НАТО  значително да ги зголемат буџетите за воените трошоци бидејќи САД повеќе не можат да го покриваат поголемиот дел од трошоците на НАТО.

„На Америка многу често се гледа како „прасе-касичка“ на светот. И ова мора да престане“, изјави портпаролот на Белата куќа Хоган Гидли пренесе Ројтерс.