САД нема да дозволат Косово и Србија да го дестабилизираат регионот

Белград и Приштина да постигнат договор кој е фер и кој нема да создаде нестабилност во која било од земјите во регионот, се вели во официјалното соопштение на американската амбасада во Приштина.

„Ќе следиме многу сериозно и внимателно како се договараат двете страни. Тоа сепак не значи неограничена слобода за дејствување“, стои во соопштението како што пренесуваат агенции.

Според косовските медиуми, соопштението доаѓа по долго молчење, што беше повод за шпекулации, како во домашните така и во српските медиуми, дека има скриени планови на луѓе блиски околу претседателот Доналд Трамп, но и на Русија, за поделба на Косово .

SHARE

Comments are closed.