САД поддржуваат автокефалност на Украинската црква

Вчера САД изразија поддршка за неодамнешната одлука на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за давање автокефалнот на Украинската православна црква.

Портпаролот на Стејт департментот, Хедер Науерт, изјави дека САД ја поддржуваат слободата на групите „да ја контролираат својата религија според нивните верувања и да ги практикуваат своите верски слободи без мешање на владата“.

„Соединетите Држави ја почитуваат способноста на православните верски водачи и следбеници на Украина да се стремат кон автокефалност според нивните верувања. Го почитуваме Вселенскиот Патријарх како глас на верска толеранција и меѓуверски дијалог“.

SHARE

Comments are closed.