САД со рок до Заев за името да реши до 9 јуни

Македонската Влада треба да даде согласност на текстот на договорот до 9 јуни.

Ова е барањето што му било пренесено на премиерот Зоран Заев од страна на САД, дознава порталот Мкд.мк од дипломатски извори.

Според неофицијалните информации, со договорот што бил постигнат за пакетот Илинденска Македонија се прави „размена“ – ерга омнес употреба на новото име, а за возврат останува македонскиот јазик и идентитетот. Но, прашањето било дали во заградите (nationality) и (language) ќе стои ѕвезда * со објаснување дека станува збор за словенско потекло, кој нема врска со потеклото на населението во грчка Македонија, со што се врши разграничување.

 

3 Коментари

  1. Точно тоа и сме. Ние сме Македонци со словенско потекло, кои немаме никаква врска со античките Македонци, а нашиот јазик е македонски како дел од јазиците на Словените.

Оставете Коментар