Саем на ајварот пред парламент

Како израз на своето противење на референдумот и промена на името на Македонија, група граѓани поставија тезга со македонски ајвар спроти зградата на Собранието на Република Македонија, пренесува Инфомакс.

Организаторите, според порталот, направиле своевиден саем на македонскиот ајвар пред Собранието, на кој треба да се промовира македонскиот ајвар. Покрај ајварот, ќе се нуди и “патриотски грав на отпорот” .

Организаторите сметаат дека на овој начин сакаат да ја зачуваат македонската традиција, од која ајварот е значаен дел.

SHARE