Фудбалерите на Шкендија со мали шанси ќе го дочекаат реваншот со Салцбург од третото квалификациско коло за Лига на шампиони на 14 август на Национална арена „Филип Втори Македонски“ во Скопје по денешниот пораз од 3:0 на „Ред бул арена“.

Двоен стрелец за австрискиот првак беше Израелецот Мунас Дабур во 16 минута од пенал и во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

Точка на убедливиот триумф на домаќинот стави Малиецот Диади Самасеку во 81. минута од белата точка.

Седум минути пред крајот Салцбург остана без Златко Јунузовиќ поради втор жолт картон.

 

SHARE