Салвини: За 12 месеци ќе се знае дали ЕУ ќе опстане!

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, изјави дека следните 12 месеци ќе одредат дали Европската унија може да се одржи заедно, додека водачите на блокот се подготвуваат за утрешната средба за имиграцијата.

Откако ја презеде функцијата како дел од популистичката коалиција минатиот месец, Салвини ги разгорува тензиите околу миграционата политика, одбива да прими бродови со спасени бегалци  да пристапат до италијанските пристаништа, спори со францускиот претседател Емануел Макрон и бара од другите земји на ЕУ да преземат повеќе од барателите на азил што пристигнуваат во Италија од Африка, пишува „Блумберг“

Тоа ја поставува Италија на курс за судир со германската канцеларка Ангела Меркел на состанокот во Брисел утре. Канцеларката, пак, е под притисок од својот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, кој бара канцеларката да обезбеди договор со кој Германија ќе може да испрати мигранти назад во земјите каде што првпат пристигнаа во ЕУ – а тоа значи во медитеранските држави Италија, Шпанија и Грција.

Но, Салвини вели дека Италија повеќе не може да прифати мигранти.

„Не можеме да прифатиме ниту едно лице. Напротив, би сакале да испратиме некои од нив на некое друго место“, вели Салвини за „Шпигл“.

Според Матео Салвини, еден од најважните приоритети на новата популистичка влада ќе биде „да ги испрати дома“ сите миграни кои немаат документи, (околу 500.000)  сигнализирајќи дека има намера да го исполни предизборното ветување.