Самарас: Преспанскиот носи нови превирања на Балканот

Поранешниот премиер Андонис Самарас жестоко ја нападна владата на Ципрас за преспанскит договор кој, според него, ќе создаде нови проблеми на Балканот.

„Дадоа се“,(..) „само за да заработат шестмесечно одложување на кратење на пензиите“, искоментирал Самарас.

Тој потсети дека постојано предупредувал дека не треба да се даде името Македонија на северниот сосед.

„Зошто? Затоа што едноставно, од моментот кога им го дадовме името што го вклучува зборот Македонија, сите официјално ќе велат, не … северни Македонци, а  Супер-Македонци, туку  „Македонци“ … изјавил Самарас според кој со Преспанскиот договор се признава и етничкиата припадност „Македонци“ и признавање на „македонски јазик“ и признавање на „македонскиот идентитет“.

Поранешниот премиер смета дека Преспанскиот договор, не решил никакви проблеми и предвидува нови превирања на Балканот:

„Договорот предизвикува нови експлозии. Во Скопје, Албанците гласаа за него зашто ја олеснува ‘Голема Албанија“, сега ќе побараат и нивната етничка припадност да биде признаена во Скопје(…) Неколку километри понатаму, границата меѓу Албанија и албанско Косово треба да се укине“.

SHARE

Comments are closed.