Само Црна Гора со помал минималец од Македонија во регионот

Со минимална плата од 200 евра, зголемена неодамна од 196, Македонија е само пред Црна Гора меѓу државите што настанаа од републиките на поранешна Југославија, пишува српскиот весник „Вечерње новости“.

Македонското Министерство за труд и социјална политика летоска објави дека од јули 2018 година до март 2019 година минималецот во Македонија е фиксиран на 12.165 денари од 12.008 денари, колку што беше од септември 2017 година дотогаш.

Во Црна Гора, пак, минималецот е 193 евра уште од 2013 година.

Босна и Херцеговина пред два месеца ја зголемила минималната заработка од 208 на 224 евра.

Во Србија од почетокот на наредната година минималецот ќе биде зголемен од 213 на 231 евро, во Хрватска од 366 на 374 евра, а во Словенија од 614 на 640 евра.

 

SHARE

Оставете Коментар