Само Македонија примила борци на ИСИС, Лондон одбива

Loading...

Македонија засега е единствената европска земја која што јавно прифатила репатријација на борци на ИСИС од Ирак и Сирија.

Во моментов се водат преговори со неколку други земји кои засега одбиваат да примат припадници на терористичката организација фатени во кризните региони.

Британскиот весник Тајмс тврди дека оваа одлука на Македонија ќе направи поголем притисок врз Велика Британија која одбива да ги прими своите граѓани Ел Шафи Елшеик и Александра Коти познати како “Бубачки” кои им одсекуваа глави на западни заложници на ИСИС.

Британија, САД и Сириските курдски демократски сили подолго време преговараат за нивниот трансфер.

Тајмс цитира американски извори кои тврдат дека се повеќе влади работат на враќање на свои државјани кои се заробени како борци на ИСИС.

Засега потврда за прием на исламските радикали има само од Македонија.

Пред два дена македонската УБК од медиумите побара да не се пишува за детали за 7те вратени членови на ИСИС поради сензитивноста на случајот.

Предходно МВР ја излажа јавноста и објави дека тие се уапсени во акција на полицијата а тие всупност биле преземени како воени затвореници од армијата на САД.

Оставете Коментар