Само RULE OF LAW води кон ЕУ!! – Силјановска со лекција за Османи

Пишува Проф.Др. Гордана Силјановска Давкова
Професор по уставно право

Г-дин Бујар Османи , како прв човек на евроинтеграциите, треба да му покаже и докаже на г-дин Хан дека Homo Balcanicus e Homo Europicus! Како? Со посветеност и ПОТЧИНЕТОСТ на Rule of Law. Лошо е кога лекар, во улога на правник-аматер, лаички посега по уставни импровизации . Нека и ја остави правната интерпретација на министерката за правда, зошто вака звучи како Насредин Оџа.

„Правната“ аналогија дека, ако Претседателот се избира со праг од 40 % излезност, зошто и референдумот не би бил успешен со истиот процент, е правна небулоза! Ако веќе сакал да манифестира правна култура и талент за „креативно“ читање на Уставот пред г-дин Хан, требало ВНИМАТЕЛНО да го прочита член 81, став (2) , (3) и (5) од Уставот, а не само Амандманот XXXI.

Имено, во член 81, став (2) пишува: За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ ОД ВКУПНИОТ БРОЈ ИЗБИРАЧИ. Во ставот (3) пак, се вели дека: „Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови“.

Ставот (5) пропишува:

„ За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината избирачи“.
Со Амандманот XXXI се измени ставот (5) на Член 81 во оваа смисла: „ За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале , доколку гласале повеќе од 40% од избирачите!!

Исто така, требал, НЕКОЛКУ ПАТИ да го ПРЕПРОЧИТА членот 73, став 2 од Уставот: „ Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало МНОЗИНСТВОТО ОД ИЗБИРАЧИТЕ КОИ ГЛАСАЛЕ; доколку гласале ПОВЕЌЕ од ПОЛОВИНАТА!! Потем, МОРАЛ да се го задржи погледот на став (4) на член 73: „ ОДЛУКАТА ДОНЕСЕНА НА РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА“.

Откако ќе си го запишел прочитаното, можел, како ЉУБОПИТЕН лекар – министер за евроинтеграции, ВНИМАТЕЛНО да се усредсреди на членот 120, став (2) и (3). Имено, во став (2) се вели дека: „ Одлуката за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави ја донесува Собранието со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а ставот (3) гласи: „ Одлуката за стапување и истапување од сојуз со други држави е усвоена ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи“.

Значи, во процесот на евроинтергацијата, не смее да заборави дека RULE OF LAW e АРМИРАНИОТ БЕТОН на ЕУ!! Мора да стави барем едно камче во македонското разрушено ВЛАДЕЕЊЕ на правото. Ама, ако од 2001 година неговата партија е на власт, тешко е да веруваме во нејзините и неговите НЕИМАРСКИ намери и способности!!
Гордана Сиљановска- Давкова

Поврзана вест

Ако може претседател со 40% цензус, може и референдум, вели Османи

21 Коментари

  1. И ЦИА ПРЕДВИДЕ МОЖНОСТ ЗА РЕШВАЊЕ ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО ПРЕКУ ГС И НЕВРЗАНИТЕ!!
    WikiLeaks/ To US Department of State/ CIA: https://wikileaks.org/gifiles/docs/73/738285_us-poland-greece-macedonia-macedonia-commentary-sees.html > “Macedonia passed the Security Council and is a member of the UN. Since we have been admitted as a full member and this is not a substantive
    question, it would be a vote of simple majority regarding whether to replace the FYROM [Former Yugoslav Republic of Macedonia] reference directly to Macedonia, or to first request an advisory opinion from the
    International Court of Justice regarding the legality of the additional conditions for the joining of our country to the UN,” emphasized Janev, whose text is included below.
    In his opinion, it is very important that someone from the Macedonian
    side dares to make the key step towards the non-aligned movement, whose
    support in the September 2012 General Assembly [of the United Nations]
    could lead to the removal of the shameful FYROM tag.
    ЦИА се исплаши да не се свртиме кон неврзаните !? ЗНАЧИ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ, БИДЕЈКИ НЕВРЗАНИТЕ ДЕЛУВААТ САМО ВО Генералното собрание на ООН, а ретко во Советот за безбедност! ПОСТОИ РЕШЕНИЕ! ЦИА ПОТВРДИ ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ! ПОСТОИ РЕШЕНИЕ!

    • Абе Игор Јанев. Еднаш велиш дека МСП е тоа што кажува дали има дополнителни услови и важи само тоа што кажал МСП, а потоа дека ЦИА потврдила дополнителни услови. ОДЛУЧИ СЕ. Кој утврдува дали има дополнителни услови? МСП или ЦИА? Пред Генералното собрание на ОН, кога ќе бараш да се продолжи членството на Македонија со уставното име, ќе излезеш со тоа дека ЦИА утврдила дополнителни услови?

      • Дополнителните услови поставени за Македонија се докажани во AJIL пд страна на Игор Јанев уште 1999.
        А ти што си толку Неписмен, дури и не знаеш за AJIL ! Тоа е ЗАВРШЕНА РАОБАТА! Што не ти е јасно???
        Уличару трни се од сајтот!

        • Овој еден всушност можеме да го најдеме, тој е возрасен и е поранешен дипломат. Но мислам дека ако му кажам името, ќе помине како Ѓинѓиќ.
          Но побитно е така да помине Зајко!

  2. СДСМ е со ШИПТАРИ! И овој факт е најдобар индикатор и аргумент КАКО НИE ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ во Недела!
    СДСМ усвои Бугарската спогодба, Тиранската непријателска платформа, Ратифицира na tn. договорот за јазикот и потпиша марионетска предавничка тн. спогодба со која се ДЕСУВЕРЕНИЗИРА и РУШИ ДРЖАВНОСТА и ИДЕНТИТЕТ на Македонија, а Македонците стануваат помалку од етничка група и се ЦЕЛОСНО ПОНИШТЕНИ и ОБЕСПРАВЕНИ! Со спогодбата се:
    1. руши суверенитет! 2. руши Независноста.3. Дозволува мешање во внтрешните работи на Македонија на дневна основа.4. руши ДРЖАВНОСТА и доведува до загрозување ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТГРИТЕТ на Македонија.5 риши Дигнитет на Македонија и се уриваат сите меѓународни позиции на Република Македонија, која се комплетно делегитимира во ООН и станува помалку од Колонија или протекторат !
    Сите знаеме што треба да се прави во Недела! Сите знаеме што НЕ ТРЕБА да се прави во НЕДЕЛА!

  3. Професорке Силјановска зошто е „правна небулоза“ изјавата на Османи? Тоа е негово размислување. И што е битно дали е тој лекар, пекар, апотекар. Не е можно да е доволна 40% излезеност? Ако се прифати од мнозинството дека е доволна 40% излезеност за референдум да биде успешен, тогаш ќе е доволна 40% излезеност за референдум да биде успешен. Уставот не го дозволува тоа? Па добро. Уставот може да се смени. Уставот ќе се смени.

  4. ЈАС ИГОР ЈАНЕВ ПОВИКУВАМ СИТЕ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА БОЈКОТ!

    КАКО ЧЛЕН НА ВМРО-ДПМНЕ ЈАС ИГОР ЈАНЕВ ПОВИКУВАМ СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ ДА БОЈКОТИРААТ РЕФЕРЕНДУМ ЗА БРИШЕЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ!

    ЈАС ИГОР ЈАНЕВ ПОВИКУВАМ СИТЕ ПАТРИОТСКИ СИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ДА БОЈКОТИРААТ РЕФЕРЕНДУМ ЗА БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

    СО БРИШЕЊЕ НА ИМЕТО, НИЕ БЕЗ ВОЈНА, ЌЕ ГО ИЗБРИШЕМЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
    ЗАТОА СИТЕ МАКЕДОНЦИ НА 30 09. 2018. НА БОЈКОТ!

Оставете Коментар