Само во Македонија: За една недела отворил фирма и добил милионски тендер од МВР

Фирма стара 7 дена доби милионски бизнис за полагање возачки во Скопје, објави ТВ Алфа.

Фирма стара една недела го доби милионскиот бизнис за полагање возачки испити во Скопје. Авто испитен центар Скопје, сега ќе го работи тоа што беше работа на АМСМ во изминативе 10 години. Лиценцата за работа, штотуку отворената фирма ја добила од МВР на 14 месецов.

Авто испитен центар Скопје била отворена само 7 дена пред МВР да го распишат јавниот конкурс за ангажирање фирма за полагање возачки испити.

Според податоците од Централниот регистар, Авто испитен центар Скопје, е друштво формирано на 19 јуни, 2018 година. МВР пак јавниот конкурс за избор на фирма која ќе врши полагање возачки го распишале на 25 јуни, една недела по отворањето на фирмата.

Според одлуката на Министерството, младата компанија победила на тендерот, па од игра неофицијално биле исфрлени АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија.
Авто испитен центар Скопје доби милионски бизнис бидејќи во наредните пет години тие ќе бидат единствените што ќе спроведуваат теоретски и практични тестирања за возачки испити.

Од овој бизнис во град со над 700 000 жители, годишниот обрт достигнува и до 1 милион евра, а познавачите велат дека фирмата стара седум дена до распишување на огласот, годишно може да има заработка и над 300.000 евра.

Линк до објавата на ТВ Алфа

Минатата недела и скопското Јавно сообраќајно пеетпријатие додели над 200 илјади евра на две на ист газда на фирми стари неколку недели.

SHARE

Comments are closed.