Највисока плата меѓу претседателите на земјите од регионот, има словенечкиот претседател, Борут Пахор, а најниска – неговиот српски колега – Александар Вучиќ.

Пахор месечно заработува 3.332 евра, а Вучиќ три пати помалку односно 1.083 евра.

Во Хрватска, Грабар Китаровиќ, има нето плата од 3.276 евра, додека членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, во просек заработуваат по 3.091 евра што е 7 пати поголема од просечната плата.

Косовскиот претседател Хашим Тачи има месечните приходи од 2.873 евра и тој, со оглед на тоа што платата му е 8 пати повисока од просечната во Косово е „рекордер“ меѓу своите колеги.

На веб страната на Агенцијата за спречување на корупцијата во Црна Гора се уште не се објавени податоци за месечни примања на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, но познато е дека неговиот претходник на таа позиција за еден месец заработувал околу 2.420 евра, пишува црногорска „Побједа“.

Помалку од 2.000 евра месечно заработуваат албанскиот претседател Илир Мета, 1.425 евра и македонскиот Ѓорѓе Иванов, чија плата е 1.250 евра.

SHARE