Самоволие во Форино: Табла само на албански на новото училиште

Во гостиварско не се спроведува ни сегашниот Закон за употреба на јазиците, ни новиот што го блокира претседателот Ѓорге Иванов, туку некој трет, што покажува еднојазичната табла на новото основно училиште во селото Форино.

Иако и според сегашниот закон, и според тој што владеачкото мнозинство два пати го изгласа, а Иванов одбива да го потпише указот, таблата со името на училиштето во Форино мора да биде напишана и на македонски јазик, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари го отвори со еднојазичен натпис.

Тој се правда дека таблата била поставена од претходната власт, а директорот на Државен просветен инспекторат, Томе Спировски, за Сител изјавил дека „немаат надлежност“ да интервенираат, односно ќе го стореле тоа само ако има претставка до нив.

Покрај македонскиот и албанскиот јазик, во службена употреба во Општина Гостивар е и турскиот.

 

Оставете Коментар