Самсоненко најави 7-8 милиони евра за Вардар во следната сезона

Првиот човек на најуспешниот македонски спортски клуб Сергеј Самсоненко не се откажува целосно од Вардар.

Драматично намалување на финансиите ќе има само во женскиот ракометен клуб, кој ќе се подмладува.

„Парите од ЖРК Вардар нема да се одлеваат во другите два клуба. Фудбалот ќе биде со речиси ист буџет, а машкиот ракометен клуб ќе има мало намалување во буџетот, пред сѐ затоа што ќе дојдат нови играчи. Разликата во буџетот во однос на лани ќе биде 10-15 проценти. Веројатно, околу седум до осум милиони евра ќе одат во Вардар. Но, точно ќе знаеме по пресметките, кога ќе формираме комплетни екипи, односно кога ќе се договориме за продолжување на соработката со актуелните, како и кога ќе донесеме нови играчи и во фудбалот и во ракометот“, вели Самсоненко во ексклузивно интервју за гол.мк

SHARE