Сарај со излезноста во ЕУ и НАТО, но и во Гинис

Општината Сарај на гласањето на референдумот во недела се единствени кои влегоа во ЕУ и НАТО, со излезност од 54,21%, но и во Гинисовата книга на рекорди со број на гласачи кои гласале во многу кус период.

Според податоците на Државната изборна комисија објевени на веб страната, покрај Сарај, најголема излезност има во општините Липково, со излезност од 41,56 отсто и Центар со 40,67 отсто.

Следуваат општините: Арачиново со излезност од 38,30 отсто, Карпош со 38,11 отсто, Чаир 36,16 отсто, Крушево со 35,98 отсто Дојран 35,69 отсто.

Најмала излезност има во општините Ново Село каде што излегле само 13,80 отсто од граѓаните со право на гласи Илинден со 14,47 отсто.

SHARE