Саша Узунов: Што вели Вес Мичел запрашан за Џес Бејли (ВИДЕО)

Австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов вчера го запраша помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел дали знае за забелешките на дел од јавноста за америкњнскиот амвасадор во земјава.

“Г-дин Мичел, господине, многу Македонци изразија незадоволство од однесувањето на амбасадорот Бејли во Македонија. Дали сте свесни за ова”, праша Узунов.

“Имаме екипа во амбасадата која работи напорно со владата, како и со опозицијата секојдневно на повеќе полиња. Имаме блиска безбедносна соработка со Македонија. Значи, мојот главен фокус беше да продолжам да ја унапредам таа агенда”, беше одговорот на високиот американски гостин во Македонија.

Оставете Коментар