Сашо Мијалков не доби притвор за „Империја“

Иако е дел од осомничените во случајот „Империја“ на СЈО бившиот шеф на УБК не е меѓу луѓето што добија 30 дневен притвор во развојот на наатаните поврзан со најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство.

За разлика од Мијалков судијата на претходна постапка утринава околу 2 часот им одредил мерка притвор во траење од по 30 дена на Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски.

Мирчевски е директор на контроверзната оф-шор компанија „Ексико“, Панделески е директор на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и сопственик на „Пелистерка“, Јосифовски е соработник на Камчев, а Арсовска е сметководителка во неговите фирми.

Вчера СЈО соопшти дека отвори истрага поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Пред две недели ВМРО-ДПМНЕ го исклучи Сашо Мијалков од партијата и го обвини за „коалиција со криминалната власт“.

Во соопштението на СЈО за „Империја“ Мијалков беше наведен како втор на листата на осомничени. Од првите наведени четири осомничени лица само Мијалков не добил притвор.

Редоследот на обвинетите од обвинителството вообичано се прави врз основа на прибраните податоци за секое осомничено лице и најчесто овој редослед се појавува и во обвиненијата.

 

SHARE

2 Коментари

  1. До Чулев и Роберт – Димитар го знам од “дете“, Роберт НЕ – но мал совет, ако е дозволено (не мора да се објавува) = МОРАТЕ да го “ослободите“ сајтот, ако веќе има коментари. Не се плашете од нормалност, нека оди се во реално време (во ваше оградување на пр. дека не делите …бла.бла.бла), дозволете слобода и ќе видите ефект. Сепак е одличен сајт за 10000 подржувачи и 2-3 коментари

Оставете Коментар