Членот на партијата „Левица“, Здравско Савески, преку својот ФБ профил го прозва министерот за здравство Венко Филипче околу намалените буџетски средства за здравство во 2019 во услови кога, како што вели, состојбата во здравствените установи е катастрофална.

„Министерот Филипче се пофали со буџетот за здравство за следната година.

Со што се фалиш, црни Филипче? Со намалување на буџетските средства на Министерството за здравство за речиси 200 милиони денари? Со тоа што парите ги пренасочивте во Министерството за одбрана за Америте да ве пофалат?

Катастрофална е состојбата со здравствените установи! А вие ги намаливте средствата за санација на објектите“ – напипша Савески.

SHARE

Оставете Коментар