Саздо не е единствениот “комита” нападнат со нож годинава од “Швецерите”

Повеќе граѓани на социјалните мрежи зборуваат за сличноста на два настани годинава во кои жртви се двајца млади комити и го поставуваат прашањето за можна поврзаност, организираност и злосторничко здружување.

Во рок од неколку месеци се случуваат два исти настани. Првиот, со напад на 17 годишно дете член на Комити во автобус на автобуската станица Рекорд во центарот на Скопје каде истото беше избодено неколку пати со нож.

И за тој случај имаше информации дека најверојатно детето било следено како и Саздовски, а нападот изведен од три лица (две најдени и по едно се трага, исто како и во вториот случај).

И последниот настан се одвиваше скоро по ист план, со мали нијанси во изведбата.

Оттука произлегува дека, доколку првиот случај се разрешеше на вистински начин со детална анализа на начинот на делување на напаѓачите, најверојатно немаше да дојде ни до вториот, за жал, кобен напад, вели еден од коментарите на социјалните мрежи.

На први март годинава порталот досие.мк го објави овој извештај:

“Вчера во автобус бр.57 беше прободено со нож моето внуче катили и несовесни неваспитани млади луѓе монструми, што им направи ова дете враќајки се од училиште нека им служи на чест и ГОСПОД да ги казни”

Ова е Фб статус на близок роднина на 16 годишното момче кое вчера беше избодено на автобуската постоја Рекорд во центарот на Скопје. Според последните информации, на момчето му се извршени неколку хируршки интервенции и е во животна опасност. Сите три убоди му нанеле тешки повреди на внатрешните органи. Еден од убодите бил дирекно во црниот дроб. Се уште еприклучено на апарати и се чека да се разбуди.

Момчето се возело во автобус 57. Внатре имало поголема група други момчиња од албанска националност. Почнале да го задеваат и во моментот кога слегол од автобусот еден од групата три пати му зарил нож во стомакот. Насилниците побегнале, а момчето со итна помош е пренесено во болница.

Момчето е дел од групата навивачи Комити , а за напаѓачите според очевидци се работи за насилници од навивачката група Шверцери. Според сознанија на dosie.mk ова не е прв напад на момчиња во автобуси. До сега имало неколку слични, но нападнатите поминале со помали повреди односно посекотини н араце и нозе. Ниту еден напад не е расчистен. Полицијата молчи и само регистрира настани во полицискиот билтен.

За среќа тогаш З.Т. преживеа. За жал сега Никола Саздовски го загуби животот.

1 Коментар

  1. Znaci policijata molci? DOsega nisto ne se znae za ovie slucai! Neli pravda ke teraa? I Zaev ima obraz da bara trpenie? Za nego nema zbor izmislen! Ni pacient ne go opisuva.

Оставете Коментар