Сценарија за името: Иванов може да даде оставка

Грчки извори блиски на партија АНЕЛ тврдат дека возот за договор за името е тргнат и до целта има 7 станици. Две од нив се веќе поминати, потпишувањето во Преспа и ратификација во македонското Собрание.

Сега остануваат уште пет чекори:

• Датум за почеток на преговори за ЕУ

• Покана за влез во Нато

• Референдум, што во Грција се гледа со скепса поради незадоволството на граѓаните, што било видливо од анкети кои што биле спроведени во Македонија а се нарачани од грчки нарачатели

• Уставни измени што е критично прашање заради тоа што 2/3 во Собранието се невозможни без ВМРО-ДПМНЕ, и конечно

• Ратификација во грчкото Собрание каде Ципрас нема мнозинство без Анел на Каменос.

Дел од грчките аналитичари разгледуваат различни сценарија:

По успешен референдум, Претседателот Иванов може да изненади и да поднесе оставка и со тоа да предизвика предвремени претседателски избори.

Друго сценарио вели дека дури опозицијата и да поддржи уставни измени со 2/3 мнозинство ако референдумот е неуспешен, се се враќа назад и ништо од сега договореното не важи.

Во Грција не се исклучува и разврска во која по неуспешен референдум владата ќе падне, ќе се формира техничка пржинска влада за да се оди на предвремени избори.

Во таков случај Македонија ќе биде со една нога во НАТО и ЕУ а другата надвор. Ќе го задржи Уставното име и ќе остане ФИРОМ до следно решение.

За Грција ова е лоша ситуација затоа што дотогаш 28 земји ќе ги имаат ратификувани договорите за членство и притисокот врз Атина од НАТО ќе биде неснослив