СДСМ и ДУИ: Обезбедени се 80 пратеници за Уставот

Од владејачките СДСМ и ДУИ неофицијално велат дека обезбедиле двотретинско мнозинство од 80 пратеници за отворање на Уставот, по иницијатива на владата за уставни измени согласно Договорот од Преспа.

-Генерално, имаме обезбедено двотретинско мнозинство, но ништо не е сигурно додека не се потврди на гласање – изјави за Фокус пратеник на СДСМ, кој воедно е висок партиски функционер.

И од албанскиот партнер во владата – ДУИ истакнуваат дека начелно обезбедиле двотретинско мнозинство, но се на самата граница на неопходниот минимум.

-Осумдесет пратеници се сигурни, ако нешто непредвидено не се случи во меѓувреме – вели пратеник на ДУИ.

Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочува дека засега нема индицикации дека некој од неговата пратеничка група ќе даде зелено светло за отворање на Уставот.

-Скоро сите пратеници сме собрани во Клубот на пратеници и чекаме да почне седницата – вели тој, додавајќи дека ќе гласа против, според, како што вели, волјата на граѓаните изразена на референдум.

SHARE

Comments are closed.