СДСМ: И опозицијата заслужна за препораката од ЕК

Loading...

Покрај владеачката гарнитура и граѓаните заслуга за препораката на Европската Комисија за почеток на преговори за членство има и опозицијата сметаат претставници на власта.

Со учеството во комисиите на парламентот и гласањето за реформските закони опозицијата го препозна моментот и заедно со граѓаните е заалужна за позитивните оценки од Брисел, изјави пратеничката на СДСМ Ивана Туфекџиќ за ТВ 1.

Во својата изјава за препораката опозицијата како заслужна ја спомена и премиерот Заев според кого и без враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и гласањето за реформските закони земјата ќе добиела препорака за преговори.

За премиерот добро е што сепак препораката дошла со учество на опозицијата во политичките реформи.