СДСМ: Мицкоски блефира за избори, се знае кој ќе победи

Владеачкиот социјалдемократски сојуз со две едно подруго соопштенија одговара на протестот што вчера го организираше опозицијата.

Во првото објавено веднаш по протестот СДСМ тврди дека лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски блефира кога бара предвремени избори.

Според реакцијата на Заев не му паѓа на памет да закаже предвремени избори.

СДСМ вели очекувала извинување од него но не одговара директно на ниту една прозивка од протестниот митинг.

“Вечерва, како и на секој митинг на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 12 години, повторно се слушнаа истите пораки за поделби на ваши и наши, за враќање назад.

Граѓаните не видоа никаква разлика. Нема никаква разлика – Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години.

Наместо да се извини, Мицкоски повика Македонија да запре. Но, тоа нема да се случи. Граѓаните избраа напредок.

Мицкоски вечерва повика Македонија да се врати назад, во темното минато на криминалот, корупцијата, осиромашувањто на граѓаните, на газењето на човековото достоинство, на оддалечувањето на земјата од европските вредности. И тоа нема да се случи.

Граѓаните избраа просперитет, повеќе инвестивии, повисоки плати, еднаквост, слобода, демократија, правда, избраа едно општество, едно семејство за сите.

Од јавна говорница денеска Христијан Мицкоски бранеше насилници под превезот на патриотизмот. Мицкоски треба да знае дека неговата партија треба да се качи на вагата на правдата. Криминалот не може да биде патриотизам колку и да викаш гласно.

Христијан Мицкоски излажа дека „во Македонија има нула инвестиции“. Може да вика колку сака, но не може да биде погласен од фактот дека во првите три месеци во Македонија влезе рекорден износ на странски инвестиции.

Барањето за предвремени избори заедно со претседателските, е класичен партиски блеф на Мицкоски, кој е соочен со слабиот рејтинг и немањето поддршка од граѓаните. Не е лесно да го следиш Груевски во време кога СДСМ добива огромна поддршка на локални избори со освоени 57 градоначалници. Денес, СДСМ е фаворит на било какви избори, а тоа го покажуваат и сите релевантни истражувања на јавното мислење. Поддршката на граѓаните е силно изразена за владејачкото мнозинство, за СДСМ, и за претседателот Зоран Заев.

СДСМ ја доби довербата од граѓаните и се фати за работа. Владата што ја предводи СДСМ се определи за реформи кои Македонија ја движат напред. После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија.

Заветот на Мицкоски се поделбите и минатото. Мицкоски треба да разбере дека Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО”, пишува во првата реакција на СДСМ.

И во втората реакција СДСМ се обидува Мицкоски да се прикаже како марионета на Груевски, нешто што како политичка стратегија го најави премиерот Заев на ТВ дуелот.

Како партија која што 11 години ја пустошеше Македонија и ги осиромашуваше граѓаните, додека нејзините челници грабаа се што можеа да грабнат, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема никаква разлика во нејзиното однесување и делување.

ВМРО-ДПМНЕ е со исти манири на потценување на граѓаните, на нивната свест и совест.

Што и да зборува и со какви лаги да се служи, во колективната меморија на сите граѓани на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе остане симбол за криминал, расипништво, корупција, осиромашување на граѓаните и оддалечување на земјата од европските вредности.

Нема никаква разлика – Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години.

После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија.

Заветот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поделбите и минатото. Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО”, порачува СДСМ.

2 Коментари

  1. Мицковски да се откаже од мизерната флоскула: “НИЕ СМЕ ПРОТИВ ПРОМЕНА УСТАВОТ СО ЦЕЛ ПРОМЕНА ИМЕТО”. Нека се јасно определи дали е За промена или е Против.
    АКО СЕ ПРАВИ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА МОРА ДА ИМА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ!!
    АКО си ти Х. Мицкоски патриот, ИЗЈАСНИ СЕ, а не со истрошени фрази да изиграваш квази- патриот. Кажи Мицкоски КРАЈ на преговорите, а НЕ ние би преговарале подобро!???

Оставете Коментар