СДСМ нарачала 3 анкети, 9 декември потенцијален датум за избори

Социјалдемократскиот сојуз преку три различни истражувања на јавното мислење се обидува да ги надмине дилемите дали треба да оди на предвремени избори.

Откако станува се поизвесно дека во Собранието не може да се дојде до 2/3 мнозинство изборите остануваат единствена опција но во исто време и опасна за Заев со оглед на се полошиот имиџ на владеачката партија.

Изненадени од решителноста на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да оди на избори, СДСМ нарачала 3 анкети кај две домашни агенции и една странска со цел најточно да утврди дали може да победи на изборите и евентуално да дојде до двотретинско мнозинство во идниот состав на Собранието.

Доколку резултатите се позитивни за победа на СДСМ а во исто време има и има минимални шанси за да се дојде до двотретинско мнозинство изборите би се случиле на 9ти Декември, брифираат партиски извори.

Дел од највисокото раководство, според истите извори, смета дека партијата не треба да оди на избори во овој момент доколку резултатите од анкетите не дадат гаранции дека СДСМ ќе биде убедлив победник и ќе може со албанските и другите помали партии да дојде до мнозинство потребно за промена на уставот.

Овој датум 9 декември дава теоретски шанси со брза измена на уставот да се стигнат роковите и условите дадени во Преспанскиот договор и да се влезе во НАТО во текот на март.

1 Коментар

  1. СДССМ може да нарача не 3 туку 33 анкети, но тоа ништо нема да им помогне.
    И без накети можам да им речам дека можат да се надеваат на најмногу 23 пратенички мандати и 550 затворски места за велепредавство, за криминалот нека си пресметат самите!

Оставете Коментар