СДСМ се пофали: Платите зголемени за 2000, пензиите за 1400 денари

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов тврди дека за само две години просечната плата, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, пораснала за над 2.000 денари.

Костадинов не открива од каде пари за повисоките плати во ситуација кога економијата колабира со нула проценти раст. Тој не открива ниту дека растот на платите се случува кај администрацијата додека во приватниот сектор речиси воопшто нема раст на плати.

“Просечната плата во септември изнесува 24.355 денари што е за 2.164 денари повеќе во однос на септември 2016 година, во времето на претходната на власт. Забележан е раст на платите во сите сектори, вклучувајќи го и приватниот сектор. Растот на минималната плата на 12.000 денари ја отвори спиралата на раст на платите за работниците во кожарската и текстилната индустрија, но и во други сектори“, смета Костадинов.

Портпаролот на СДСМ тврди дека покрај платите растат и пензиите.

„Просечната пезнија во септември 2018 изнесува 14.500 денари што е речиси 1.400 денари повеќе отколку во септември 2016, во времето на претходната власт“, кажа Костадинов и додаде дека трендот на раст на расположливиот доход во секое семејство дополнително ќе се интензивира со Буџетот за 2019 година”, најавуваат од СДСМ.

SHARE

1 Коментар

  1. ако сте ги зголемиле платите а растот на БДП е толкв колку што е(никаков) значи сте направиле инфлација т.е. Тие плати од 2016 година со кои вршите споредба вределе повеќе.

Оставете Коментар