СДСМ тврди дека владината коалиција собрала 70 илјади луѓе

Премиерот Заев денеска на собирот на поддржувачите на референдумското прашање го повика лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски да му се придружи и заедно да застанат, да одработат за Македонија и за нивните деца.

Според извори кои ги цитира Канал 5 на собирот на кој учествуваа сите партии во владата имало 70 илјади луѓе.

Провладините медиуми избегнуваа да објавуваат снимки на кои што се гледаше целата маса народ.

Со македонски и знамиња на Европската Унија и транспаренти “ИЗЛЕЗИ ЗА” во Скопје се одржа маршот на Коалицијата “За Европска Македонија”. Подржувачите се движеа од пред  зградата на Црвениот крст се до  седиштето  на Делегацијата на Европскта Унија, од каде лидерот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски ги повикаа граѓаните да гласаат “ЗА” на референдумот за евроатлантска иднина на државата.

Заев во својот говор рече дека патриотизам е да си ја осигураме иднината зграпчувајќи ја оваа уникатна шанса.

 Џафери рече дека само во држава членка на ЕУ и НАТО се негуваат цивилизациските вредности , потенцирајќи дека зголемената динамика со која држава се движи напред немаше да се случи без поддршка на меѓународната заедница.

Голем дел од граѓаните во центарот на Скопје со стотици автобуси и комбиња пристигнаа од повеќе градови во државата.

SHARE

Comments are closed.