Доколку денес би имало избори, за владејчката партија би гласале 21 отсто, а за опозициската 18 проценти покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт ИРИ, објавена денеска.

ДУИ има рејтинг од 7 проценти, партијата на Села бележи драстичен пад од 5 на 2 проценти. Двете крила на Беса пак имаат рејтинг од по 1 отсто.

Премиерот Зоран Заев има рејтинг од 16 како и лани. Рејтингот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски паѓа,  но со 7 отсто тој е втор на листата популарни политичари.

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и лидерот на ДУИ имаат по 5 отсто поддршка кај граѓаните.

Актуелниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој за прв пат се појавува на рејтинзите на ИРИ, има 2 %, исто колку и вториот „дебитант“, шефот на дипломатијата, Никола Димитров.

Анкетата на ИРИ е спроведена од 28 јуни до 15 јули, односно пред периодот во кој СДСМ беше дел од низа скандали и афери. На анкетите на МЦМС и ИПИС направени подоцна од таа на ИРИ разликата меѓу двете партии е 0,4 односно 0,6 %.

Оставете Коментар