Се бара истрага за грчки пари во албански медиуми

????????????????????????????????????

Поранешниот шеф на дипломатијата на Албанија, Бесник Мустафај смета дека е потребна комплексна истрага по информаците дека медиуми во Албанија и во Македонија албански медиуми биле финансирани од тајни фондови на грчкото Министерството на надворешни работи, пренесува ТВ Алфа.

„Ова е многу сериозно, бидејќи ја нарушува независноста на медиумите во Албанија и е сериозно мешање во демократскиот живот. Молкот за ова прашање  на албанскиот министер за надворешни работи е сериозно. Треба да се спроведе комплексна истрага за обвинувањата за финансирање на медиумите од тајни фондови на грчкото Министерство за надворешни работи, бидејќи тоа е поврзано со националната безбедност. Потребна е темелна истрага од Обвинителството, како и став на Владата, вели Мустафај.

Македонски и албански медиуми финансирани од тајни грчки фондови!?

SHARE

Оставете Коментар