Се бараат 240.000 пилоти!

Според прогнози на „Боинг“ во Кина и во регионот на Југоисточна Азија во наредните години драстично ќе се зголеми потребата од пилоти, авионски техничари и екипаж, пишува BBC.

Поради брзиот економски развој ќе се зголеми и авио-сообраќајот патувањата поради што на авиокомпаниите ќе им требаат уште 240 000 пилоти и 317 000 лица екипаж до 2037 година, пренесува Би-би-си.

Авио-компаниите веќе се соочуваат со тешкотии во наоѓањето кадри, бидејќи просечната возраст на пилотите е висока а многу од нив почнуваат да се се пензионираат.

Аналитичарите предупредуваат дека недостатокот на млади луѓе се заканува на целата индустрија.

Истовремено регионот Азија-Пацифик ќе биде најголемиот импортер на нови авиони, односно се предвидува дека околу 40 отсто од произведените авиони одат на тој пазар, прогнозираат од „Боинг“.

Недостиг од пилоти има и во САД.