Се бараат доброволци за виртуелна војна, нов судир со Србија во стратегијата EDominations

„Ти си потребен на Македонија!! Едоминатион нуди вистински втор живот!!!“, се вели во апелот на играта EDominations Macedonia од каде бараат доброволци за виртуелни битки на интернет.

„Вистинско место каде што ќе се одморите од секојдневната политика во реалниот живот. Место каде вашето слободно време после напорна работа ќе го искористите со запознавање нови пријатели и заедно ќе се борите Македонија да ги прошири своите граници. Како што гледате од сликата Македонија војува на повеќе фронтови и секојдневно испишува нови победи, пред неколку дена започна и тешка војна со Србија во која со ТВОЈАТА помош Македонија двојно ќе ги зголеми своите граници и ќе биде ИМПЕРИЈА“, се вели во апелот.

Играта постои повеќе од 1година, но со новите измени за само 30 дена секој новорегистриран може да биде рамо до рамо со најсилните играчи на Македонија, кои ќе ви помогаат и упатуваат се подлабоку во играта.

Линк за регистрација

https://www.edominations.com/en/register/157

Оставете Коментар