Loading...

Телефонскиот повик кој треба да ја  реши загатката и да го доближи договорот за името не се случи вчера, а под знак прашење е дали тоа ќе се случи за време на викендов.

Нема „бел чад“ за согласност за грчко-македонскиот договор за името од Министерството со кое раководи шефот на дипломатијата Никола Димитров, пишува порталот In.gr кој шпекулира дека тој повторно изразил силно несогласување со договорот, блокирајќи ги случувањата.

Информациите укажуваат дека во владата во Скопје сѐ уште постои поделба со Димитров, кој продолжувал да игра лични игри.

ПОрталот не наведува дали ваквиот заклучок го изведува од фактот дека МНР пред два дена излезе со соопштение дека за вака значајни прашања не треба да се брза. 

Сега се претпоставува дека состанокот во Преспа (доколку Заев го каже големото „да“) се презакажува за следната недела. Ако се надминат пречките ќе има средба Ципрас- аев, министрите за надвортешни ќе стават потписи на договорот кој натаму ќе биде доставен на македонскиот парламент, така што на 25 јуни на Самитот ќе биде дадено прво официјално зелено светло за земјата за пристапување кон ЕУ и ќе го отвори патот за НАТО.

Дури и така, ќе има уште многу месеци и многу пречки за имплементација на договорот, пишува In.gr.