Ќе гласам ‘за’, не затоа што мислам дека преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што сметам дека е нужност од која во дадената ситуација нема бегање, соопшти денеска поранешниот претседател Бранко Црвенковски во изјава што ја пренесува МИА.

Тој вели дека ќе гласа „за“ не затоа што мисли дека спроведувањето на договорот со Грција нема да предизвика негативни последици, туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми.

Нормално е дека кај секој разумен и одговорен човек, кога се работи за вакво важно прашање, постојат дилеми, вели Црвенковски и додава дека деновиве многумина го прашувале дали би потпишал таков договор.

„Мојот одговор е дека во овој момент тоа е сосема небитно“ вели Црвенковски.

Поранешниот премиер и претседател уште вели дека е убеден дека евро-атлантските интеграции се единствената добра опција за нашата иднина, пренесува МИА.

SHARE

Comments are closed.