Се јави Хан и ги поздрави гласовите „за“ на референдумот

Еврокомесарот за проширување прв се огласи во Брисел за исходот од референдум: „Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи.

Со значајното ‘да“ има широка поддршка за преспанскиот договор и евроатлантската иднина на земјата“, напиша Јоханес Хан на Твитер според кој, гласовите “за“ на референдумот, се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Хан очекува сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.

SHARE

Comments are closed.