Граѓани кои синоќа се обиделе да го постават знамето на Република Македонија пред спортската сала „ Младост“ во Битола, биле спречени од полицијата.

Граѓаните сакале да го вратат знамето кое подолго време било тргнато од јарболот, но некој ги пријавил по што интервенирала полицијата, јави ТВ Тера.

Портпаролката на МВР Битола Сања Стаматова вели дека настанот бил пријавен в полиција по што групата била спречена од полициски службеници од СВР –Битола.

Лицата биле лишени од слобода, извршени биле разговори и по уредно дадени изјави се ослободени, а од полицијата констатирале е дека нема елементи на кривично дело.

Знамиња веќе извесен период нема истакнато на јарболите во Битола, дознава „Expres.mk“, а Битолчани повеќе на шега се прашуваат дали следно е – отстранување на јарболите.