Се соочува ли СДСМ со раскол во своите највисоки редови?

Открива ли завчерашната трибина во Охрид на чело со министерот Спасовски раскол во владејачката партија? На неа индиректно се потврди сценариото за вдомувањето на мигрантите и во Македонија, пишува ТВ Алфа.

Истото тоа кога во јавноста беа објавени документите за изградба на бегалски центри го демантираше и самиот Спасовски, а предходоно и премиерот и министерката Мила Царовска. Сепак плановите за вдомување по се изгледа ќе станат реалност, и тоа практично го открија говорниците на вчерашната трибина на чело со министерот.

Прашањето според телевизијата е зошто Спасовски, сред предреферендумска кампања, им ја сервираше вистината спротивно на тврдењата на неговиот претпоставен и колешката од труд и социјала? Исплива ли на површина внатрешниот судир во владејачката СДСМ кој официјално се демантира, но лебди како јавна тајна?

-Мора да се одговори на потребите на мигрантите во Македонија,треба некаде да се вдомат кога ќе стигнат, изјави на трибината Џејмс Серока, универзитетски професор во САД.

-Мислам дека што се однесува на камповите, тие се од полза да се сместат мигрантите на одредени подрачја и на тој начин полесно би се справувале со кризата, изјави пратеникот од Србија, Балша Божовиќ.

-Прашањето за бегалските кампови е сеуште е отворено и под знак прашалник, порача Мирела Тешановиќ, министер за внатрешни работи во Република Српска.

Извори на Алфа во СДСМ велат оваа трибина предизвикала тензични реакции кај раководството, оти „била втора шлаканица од Спасовски за Заев“ во време кога внатрепартиските табори се во постојана пресметка. Особено оние на потпретседателката и министерка Шеќеринска и другите – блиски луѓе до Спасовски.

Првата шлаканица, според истите извори, била иницијативата на министерот за разрешување на екс-директорот на БЈБ Лазе Велковски, кој во партијата важи за близок на Шеќеринска- после скандалот кога со службен џип и шофер ја испрати ќерка си во Грција.

Главната битка во СДСМ сега е за иден претседател на партијата, со надеж за премиерски позиција после Заев, велат партиските извори. Кон оваа позиција се стреми и Спасовски, верувајки дека неговата партија ќе остане на власт и покрај сите скандали и гафови, но пред се после преспанската спогодба и се што таа донесе на штета на Македонија.

Главните пресметки се на линија Шеќеринска, Заев, Спасовски, Анѓушев, а развојот на настаните ќе покаже кој од нив ќе се избори во време кога државните проблеми и промената на името се најважни, заклучува Алфа.

SHARE