Се трујат ли скопјани затоа што нема гуми за новите автобуси на ЈСП?

Најмалку 40 автобуси на ЈСП, кои се паркирани со месеци, не возат низ главниот град затоа што за нив не се набавени гуми, објави телевизија Телма, која открива дека Скопското јавно сообраќајно претпријатие во јуни оваа година распишало тендер за набавка на 292 НАДВОРЕШНИ ГУМИ ТУБЕЛЕС произведени по европски стандарди за градските автобуси, но тие никогаш не се ставени на автобусите.

Од ЈСП за Телма тврдат дека автобусите кои што се паркирани се целосно нефункционални и притоа демонтирани, а од практична причина нивните употребливи гуми се извадени и по потреба се користат за други, исправни возила.

„Ве информираме и потенцираме дека круцијалниот проблем во ЈСП Скопје не е во недостиг на гуми, туку во возниот парк, кој е составен од неквалитетни и непрактични автобуси, тешки и комплицирани за соодветно одржување, поради што голем број на возила не се во возна состојба и се на пат кон расходување“, соопштиле за телевизијата од ЈСП.

Од ЈСП не дозволиле снимање на автобусите без гуми туку самите доставиле 4 фотографии на расклопени кинески панорамски автобуси кои се во ваква состојба затоа што се ваделе делови за други автобуси.

Во меѓувреме низ Скопје сообраќаат автобуси стари и преку 40 години кои што ја загадуваат околината и по десетина пати повеќе од новите украински и кинески авотбуси.

Целата информација на Телма на овој линк

SHARE

Оставете Коментар