Секое трето семејство во Македонија нема автомобил

Loading...

Речиси една третина од македонските семејства не поседуваат автомобил, покажуваат податоците на Државен завод за статистика (ДЗС).

Во периодот од 2015 до 2017 година 59,6 проценти од семејствата во Македонија имале автомобил. Во 2015 година биле регистрирани 383.833, а лани нивниот број достигнал 403.316, соопшти Заводот.

Истовремено, се бележи намалување на бројот на нови автомобили. Минатата година во Македонија биле регистрирани 26.609 нови возила, околу 4.000 помалку од 2016 година.

 

Оставете Коментар