Секој четврти Европеец гласа за популистичка партија

Во последните 20 години поддршката за популистичките партии во Европа се зголемила за повеќе од три пати, а овие формации успеале да се позиционираат на владеачки позиции во 11 држави, покажува студија набританскиот весник „Гардијан“, спроведена во соработка со 30 истакнати политички научници по проект на Универзитетот во Амстердам.

Податоци од истражувањето покажуваат дека од 1998 година наваму популистичките движења во Европа бележат постојан напредок. Пред две децении популистичките партии на континентот биле претежно безначајни политички сили, претставувајќи само 7 отсто од европските гласачи.

На последните национални избори ситуацијата е драстично сменета –  еден од секои четири гласови од електоратот отишол кај популистичка партија, пишува весникот.

Наодите од истражувањето доаѓаат шест месеци пред одржувањето на изборите за Европскиот парламент, а според некои аналитичари,  можно е на овие избори десните популисти да освојат рекордно многу европратенички места.

Според истражувањето Европа не еосамена пред овој предизвик – популизмот ја освои власта во  пет од најголемите демократии во светот – Индија, САД, Бразил, Мексико и Филипините, пишува „Гардијан”.

Популизмот во Европа е во подем неколку децении. Пример  за тоа е екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија, која е основана во 1956 година од поранешен нацист и која на  изборите во 1994 година, освои повеќе од 20 отсто од гласовите во земјата. Денес таа е дел од владејачката коалиција во Австрија.

Во 1990-тите, популистичките партии уживаа и во Норвешка, Швајцарија и Италија. На почетокот на новиот век популистички идеи и нивните приврзаници почнаа да добиваат популарност и во Холандија, Франција, Унгарија и Полска.

Финансиската криза од 2008 година и бегалската криза во 2015 година во Европа придонесоа до ширење на популистичките партии.

Партијата за независност на Велика Британија (UKIP) ги navede луѓето на Островот да гласаат за Брегзит.

Во Франција, Марин Ле Пен беше втора на претседателските избори, освојувајќи 33 отсто од гласовите.

Антиимиграционата политика на партијата Алтернатива за Германија ,прва екстремно десничарска политичка формација од Втората светска војна наваму, влезе во Бундестагот и освои 94  места во законодавниот дом/.

Во Италија десничарската партија „Лига“ на Матео Салвини и Движењето „Пет ѕвезди“ на Луиџи ди Мајо собраа речиси 50 отсто од гласовите.

Безгрижниот Виктор Орбан во Унгарија достигна 49 отсто од гласовите.

И екстремно десничарските Шведски демократи ги зголемија своите гласачи на 17,5 отсто

Според анкетата, левичарските популисти се далеку помалку и неуспешни од конзервативците, со исклучок на грчката СИРИЗА која е на власт.

 

SHARE

Оставете Коментар