Речиси секое четврто вработено лице во Бугарија размислува да побара работа во странство.

Меѓу оние 1,6 милиони кои сакаат да заминат во странство не се само млади, туку и лица кои се на возраст над 50 -60 години.

Ова го покажуваат податоците од националната анкета „Трудова миграција”, направено по нарачка на Фондацијата „Фридрих Екберт“ од бугарската агенција „Сова Харис“ во периодот од 1-8 септември.

Студијата опфати 1.000 испитаници на возраст од 18 до 64 години.

На прашањето „Дали размислувате привремено или трајно да побарате работа во странство“, позитивно одговориле 23% .

При што меѓу млади на возраст од 18-30 години позитивно одговориле, 32,8%, лица на возраст помеѓу 31-40 години – 25,7%; помеѓу 41-50 години – 20.6%; а оние на возраст од 51 до 64 години -14,6%.

Васил Тончев, извршен директор на „Сова Харис“ вели дека не само што младите луѓе си заминуваат, туку заминуваат сите.

99 отсто од испитаниците сакаат а заминат во земјите од ЕУ, а са 1 отсто, надвор од Унијата.

Главните причини за барање работа во странство се повисоките плати (95%), подобар социјален систем (50%), подобра здравствена заштита (40%) итн.

Според 38% од испитаниците, тие не би барале  работа во странство ако би добиле плата помеѓу 1000 и 2000 лева (500 -1.000 евра).

Само 1% велат дека нема плата која би ги мотивирала да останат во Бугарија.

Според податоците на НСИ минатата година, работната сила во Бугарија изнесува 4 милиони 370 илјади луѓе.

Да заминат сакаат 1 милион 600 илјади луѓе, пишува Vesti.bg.

Според прогнозата на ОН, до 2050 година, населението во Бугарија ќе изнесува 5,5 милиони.

Оставете Коментар