Секој трет Бугарин против името „Северна Македонија“

Името „Република Северна Македонија“ не го одобрува речиси една третина или 31 процент од 1.889 учесници во анкетата на бугарскиот портал „Днес.бг“, бидејќи според нив тоа може да биде основа за евентуални идни територијални претензии кон нивната земја.

Новото име за западниот сосед, пак, безусловно го поддржуваат 17 отсто од анкетираните, а други 20 отсто го прифаќаат, но само со изрични гаранции од македонската страна дека таа нема да има територијални амбиции кон Бугарија.

Ставот на 12 проценти од учесниците во ова истражување на јавното мислење е дека Бугарија не треба да се меша во поглед на името на соседот, зотшо тоа е прашање меѓу Грција и Македонија, па исправно е двете земји да се договорат за името.

Секој петти или 19 отсто смета дека Бугарија не ни може да има какво и да влијание за ова прашање, имајќи го предвид меѓународниот притисок за брзо надминување на овој спор.

 

Оставете Коментар