Села: Да гласаме „за“ како благодарност на НАТО

„Да излезме на 30 септември масовно и да ги мобилизираме останатите. Така ќе им ја врачиме благодарницата на НАТО кои беа со нас кога опстанокот на Албанците на овие простори беше загрозен. Да гласаме ‘про’ и да ги направиме нашите домови и иднината посигурни“, изјави Зијадин Села на собир во Гостивар.

Лидерот на Алијансата за Албанците пред сопартијците и симпатизерите зборуваше за природната потреба на Албанците од Македонија да бидат во НАТО и ЕУ.

1 Коментар

Оставете Коментар