Села ќе го поддржи референдумот, но…

Алијанса за Албанците донесе одлука да го поддржи референдумот на 30 септември, но имаат забелешки за потпишаниот договор со Република Грција.

Според лидерот Зијадин Села „ниту Владата на Република Македонија, ниту пак Владата на Грција немаат легитимитет да решаваат за националноста и јазикот на граѓаните. Ние конкретно имаме забелешки на овие две точки од договорот со Грција.“

Јавна тајна е дека Алијансата бара отворање“ на Уставот за протуркување на албанскиот јазик како рамноправно официјален во земјава.