Села не исклучува владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, молк во ДУИ и СДСМ (ВИДЕО)

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села кој гостуваше на Алсат – М не исклучи постизборна коалиција со ВМРО – ДПМНЕ.

Тој изјави дека и покрај тоа што се во прашање ЕУ и НАТО не може да прави предизборна коалиција со СДСМ и ДУИ и со луѓе кои им држеле нож зад грб.

На директно прашање на водителот Васко Попетревски дали би влегол во владина коалиција со партијата што ја предводи Христијан Мицкоски Села не ја исклучи можната соработка и рече дека би соработувал со сите што ќе ги прифатат позициите на неговата партија но не само со збор туку со дела.

Неговата изјава за ова прашање во видеото на 360 на Алсат М

1 Коментар

Оставете Коментар