На Централното собрание на Алијансата на Албанците што се одржа синоќа во Кичеево,  донесен бил заклучок во кој се вели дека партијата ги поддржува напорите и преговорите за решавање на проблемот со името, но се против решение на име напишано само на кирилично писмо, пренесува ТВ 21.

Од Алијанса за Албанците велат дека предлогот за името треба да биде меѓународно преведен и не треба да биде на јазикот само на одредена етничка заедница во земјава.

На синоќешната седница била донесена и одлука Алијансата на лидерот Зијадин Села на никој начин да не биде дел од влада на премиерот Зоран Заев без претходно одржани нови избори.