Села вели дека не треба референдум (ВИДЕО)

Лидерот на Алијансата на Албанците смета дека биле во право кога гласале воздржано за одлуката за одржување на референдум.

„И самиот факт дека прашањето е консултативно покажува дека бевме во право. Каков и да е резултатот од референдумот, повторно тука се пратениците и собранието кои треба да одлучат во врска со договорот со Грција кој е два пати ратификуван…“ изјави Зијадин Села во гостување на Алсат М.

Зборувајќи за најавените уставните измени рече дека дека тие треба да бидат искористен за Албанците во највисокиот правен акт да станат рамноправни со Македонците.